„Граѓаните“ го решија Брајтон и се вратија на врвот во Премиер-лигата (ВИДЕО)

Манчестер сити триумфираше со 3-0 на домашен терен над Брајтон и Хов Албион во заостанатиот натпревар од 30. рунда во англиската Премиер-лига.

Гостите успеаја да се одбранат од нападите на фаворитот во првиот дел и на пауза заминаа со почетните 0-0. Сепак, избраниците на Пеп Гвардиола нападнаа со сите сили на стартот на вториот дел и брзо ги разрешија дилемите околу победникот.

Ријад Махрез во 53. минута донесе водство од 1-0. Во 65. минута Фоуден зголеми на 2-0, додека конечните 3-0 ги постави Бернардо Силва во 82. минута. Со овој триумф „граѓаните“ се вратија на врвот во Премиер-лигата со 77 бода, односно еден повеќе од најголемиот ривал Ливерпул.

 

Се вчитува...