„Граѓаните“ ја растурија Астон Вила

Актуелниот првак Манчестер Сити одигра фантастичен натпревар на гости во Бирмингем и славеше со 1-6 против Астон Вила. Тимот на Пеп Гвардиола беше надмоќен и до врв ја наполни мрежата на домашниот тим, а Серхио Агуеро стана најдобриот стрелец – странец во историјата на Премиер – лигата.

Првите два гола беа дело на Марез, а Манчестер Сити на полувреме обезбеди 0-4 и со погодоците на Серхио Агуеро и на Габриел Хесус. Агуеро дополни уште два гола во вториот дел за да комплетира хет – трик, а Ел Гази од пенал во судиското продолжение го постигна почесниот гол за Астон Вила. „Граѓаните“ имаат 14 бода негатива во однос на лидерот Ливерпул.

Се вчитува...