Манчестер Сити се пласира во полуфиналето на ФА купот на Англија откако покажа потполна доминација на гости против Њукасл и славеше со 0-2. Тимот на Пеп Гвардиола ја загуби трката за шампионската титула, но сака сезоната да ја заврши со трофеј во ФА купот.
„Граѓаните“ поведоа со голот на Кевин де Бруин од пенал во 37.минута од мечот. Во вториот дел доминацијата беше заокружена и со втор погодок што го постигна Рахим Стерлинг во 68.минута од дуелот.
Во полуфиналето ќе се сретнат Манчестер Јунајтед – Челси и Арсенал – Манчестер Сити.
It’s time for the #EmiratesFACup semi-final draw! https://t.co/WlJBf40qzD
— The Emirates FA Cup (@EmiratesFACup) June 28, 2020
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА