„Граѓаните“ подобри од Евертон, Вест Хем убедлив против Борнмут

Актуелниот англиски првак Манчестер Сити го совлада Евертон со 2-1 и му го нанесе првиот пораз на Карло Анчелоти по доаѓањето на кормилото на „карамелите“. Габриел Хесус беше стрелец на двата гола за тимот на Пеп Гвардиола на стартот на вториот дел. Бразилецот го отвори резултатот во 51.минута, а седум минути подоцна уште еднаш ја затресе мрежата на Евертон. Гостите намалија преку Ришарлисон, но немаа сили да го избегнат поразот.

Вест Хем славеше убедливо против Борнмут на домашен терен со 4-0. Марк Нобл постигна два гола, а во листата на стрелците се запиша и Себастијан Хале и Фелипе Андерсон.

Норич и Кристал Палас ремизираа 1-1.

Се вчитува...