Манчестер Сити продолжува со серијата одлични резултати откако денеска против Шефилд Јунајтед (1-0) ја забележа својата 12. победа во низа во сите натпреварувања. Пеп Гвардиола реши да одмори дел од првотимците, доволен за триумф му беше погодокот што Хесус го постигна во 9. минута од мечот, а интересен е податокот дека Гвардиола реши да не направи ниту една единствена замена на овој натпревар.
Најинтересно попладнево беше во битката за опстанок меѓу ВБА и Фулам, што заврши 2-2. Гостите први поведоа, ВБА направи пресврт преку Бартли и Переира, но конечните 2-2 во 77. минута ги постигна Кавалиеро.
Кристал Палас триумфираше со 1-0 над екипата на Вулверхемптон со погодокот што го постигна Езе во 60. минута.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА