„Граѓаните“ со “петарда“ за Норвич, Лидс извлече бод со Евертон (ВИДЕО)

Манчестер сити, по поразот од Тотенхем, стигна до убедлива победа од 5-0 против Норвич во второто коло од Премиерлигата.

„Граѓаните“ ги торпедираат противниците најавуваќи ја победата со два гола уште во првото полувреме. Манчестер сити поведе со автоголот на Крул во 2. минута, а Грилиш во 22. минута зголеми на 2-0.

Во вториот дел погодија и Лапорт, Стирлинг и Махрез за конечни 5-0.

Лидс успеа да извлече бод на домашен терен со Евертон. Двапати гостите имаа предност, но на двапати тимот на Марсело Биелса израмнуваше. Рафиња во 73. минута ги постави конечните 2-2.

Во останатите два натпревари Астон Вила славеше против Њукасл со 2-0, а Кристал Палас и Брентфорд одиграа без голови.

Се вчитува...