„Граѓаните“ со пресврт го добија Лестер

Актуелниот првак Манчестер Сити славеше триумф од 3-1 против Лестер и му се доближи на само еден бод до втората позиција на табелата во Премиер – лигата. „Лисиците“ поведоа со голот на Џејми Варди во 22.минута, но „граѓаните“ израмнија само осум минути подоцна преку Ријад Махрез, екс-играчот на Лестер кој сега го носи дресот на Сити.

Пред крајот на првиот дел, Илкај Гундоган од пенал се погрижи за целосен пресврт, а Габриел Хесус во 69.минута го потврди триумфот на составот на Пеп Гвардиола.

Се вчитува...