„Граѓаните“ убедливи против Барнли

Манчестер Сити покажа сила на Барнли и се врати во победнички ритам славејќи со 1-4 на гостувањето. Габриел Хесус во 24.минута му донесе предност на тимот на Пеп Гвардиола на полувремето, а во вториот дел имаше вистинска голеада.

Бразилецот беше стрелец и на вториот гол за „граѓаните“ во 50.минута, потоа Родри постигна прекрасен гол од далечина, а мрежата на Барнли ја затресе и Ријад Марез. Во финишот, Барнли преку Роби Бреди во 89.минута постигна почесен погодок.

Кристал Палас го совлада Борнмут со 1-о, со голот на Џефери Шлуп во 76.минута.

Се вчитува...