Манчестер сити славеше убедлива победа од 0-4 на гостувањето против Лидс за враќање на лидерската позиција на четири натпревари до крајот во Премиерлигата.
„Граѓаните“ триумфот го најавија со голот на Родри уште во 13. минута од средбата.
Во 54. минута погоди и Аке за 0-2, Хесус во 78. минута зголеми на 0-3 а Фернандињо во третата минута од судиското продолжение ги постави конечните 0-4.
По овие три бода, Манчестер сити повторно е на врвот со бод предност во однос на второпласираниот Ливерпул.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА