Гран Канарија е освојувач на Еврокупот

Кошаркарите на шпанска Гран Канарија го освоија второто по ранг континентално натпреварување, Еврокупот откако во финалето на убедлив начин славеа против  Турк Телеком со 71-67.

Шпанците фуриозно го стартуваа мечот и веќе по десет минути игра имаа предност од 29-23. Сите дилеми околу победникот ги решија во вториот период во кој на противникот му дозволија само десет поени, а на пауза заминаа со огромни седумнаесет поени предност 50-33.

Во второто полувреме гостите со одлична серија во третата четвртина успеа целосно да се вратат во натпреварот и на три минути до крајот да стигнат до негатива од само три поени 67-64. Сепак, домаќините успеаја да бидат посмирени во финишот и да стигнат до конечен триумф од 71-67.

Шурна со 18 поени беше најдобар кај победникот, додека кај поразените Џоунс постигна еден помалку.

Покрај трофејот во Еврокупот, Гран Канарија обезбеди и учество во Евролигата следната сезона.

Се вчитува...