Тен Хаг: На лето мораме добро да се засилиме

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг е уверен дека и натаму ќе остане на „Олд Трафорд“. Тој најави дека тимот добро ќе се засили во следниот преоден рок.

Медиумите шпекулираат дека Тен Хаг и натаму не се откажува од услугите на неговиот сонародник Френки де Јонг од Барселона, а се шпекулира и со името на Хоселу, како замена за Расмус Хојлунд доколку не може.

„Влегувам во својот петти преоден рок во Манчестер Јунајтед. Имавме два солидни, во два пропуштивме да се засилиме и сега мораме добро да се подготвиме и да ја засилиме екипата. Базата ни е добра, сега е потребно надоградување“, изјави Тен Хаг.

Освен Де Јонг, Манчестер ќе влезе преговори со Роналд Араухо, но Уругваецот е засега недопирлив.

Се вчитува...