Покетино: Доста ме прашувате за иднината, одлуката не е само моја

Тренерот на Челси, Маурусио Покетино рече дека не е сигурен дали ќе има време и натаму да го врати клубот на врвот во Премиерлигата.

Челси синоќа го победи Тотенхем на свој терен со 2-0, и ги задржа шансите за пласман во Европа. Покетино речиси цела сезона имаше проблеми со повреди, а цело време се шпекулира за негово заминување.

„Мислам дека е доста да ме прашувате за мојата иднина. На сите тренери им  е потребно време да ја пренесат својата идеја и филозофија. И повеќе кога е екипата со нови играчи. Потребно е време. За останување одлукате не е само моја. Тешко е секоја недела да се гледам под лупата и под проценка. Но, не е само моја одлука дали ќе бидам и натаму тука. Ако сакаме да испишиме историја за Челси, не чека многу работа, но не знам дали ќе имаме време“, изјави Покетино.

Се вчитува...