Гранде Пандев: Пресреќни сме – сонот стана реалност

ЕКИПА во Тбилиси,

Владимир Булатовиќ

Горан Пандев беше херој на Македонија во денешното финале против Грузија, но капитенот во манир на голем човек ги подели почестите со сите репрезентативци, подеднакво заслужни за  пласманот на европскиот шампионат.

„Пресреќен сум, ова е крајно емотивен момент за мене и за целата репрезентација. Одигравме одличен натпревар, пласманот на ЕП 2020 е сон на сите нас, пресреќни сме што овој сон сега стана реалност. Јас само сакав да им помогнам на овие момци, ова е фантастична група од млади фудбалери кои го заслужуваат овој успех. Јас дадов се од себе, имам најмногу важни натпревари од сите во репрезентацијата, затоа и седнав со нив, ги советував. Одигравме мирно, не дозволивме да влеземе во еуфорија, особено во второто полувреме бевме одлични“, изјави Горан Пандев по големиот триумф.

Се вчитува...