Гранеруд со победа во Бишофсхофен ја освои новогодишната турнеја

Норвешкиот ски-скокач Халвор Гранеруд е победник на овогодинешната новогодишна турнеја „четири скокалници“. Норвежанецот ја заокружи одличната форма со победа и на последната скокалница во австриски Бишофсхофен. Со тоа Гранеруд победи на трите од четири скокалници, единствено не успеа да триумфира во Инсбрук, каде што првото место го освои Давид Кубацки од Полска.

Денеска во австрискиот ски центар, Гранеруд стигна до победата, Ланишек се искачи на подиумот освојувајќи го второто место, додека Кубацки беше третопласиран.

Гранеруд попладнево имаше скокови од 157 и 143,5 метри, што беше доволно да ја освои првата позиција.

Се вчитува...