Гранит Џака и официјално промовиран во Баер Леверкузен (ФОТО)

Швајцарскиот репрезентативец Гранит Џака и официјално е нов фудбалер на Баер Леверкузен.

По седум години минати во Арсенал, швајцарскиот репрезентативец со албанско потекло се одлучи да ја напушти Англија и да се врати во Германија.

Арсенал во 2016 година го донесе од Борусија Менхенгладбах за 45 милиони евра, а сега Баер Леверкузен го купи за 25 милиони евра.

Џака со Баер Леверкузен потпиша договор до јуни 2027 година.

Се вчитува...