Македонската фудбалска легенда Тони Савевски доби огромно признание во Грција со изборот за најдобар странски фудбалер во историјата на АЕК.
Навивачите на еден од најславните грчки клубови го избраа Савевски за најдобар странец во историјата во анкетата во која глас дале повеќе од 7.000 фанови. Савевски дресот на АЕК Атина го носеше 11 години притоа закитувајќи се со четири шампионски титули и три титули во Купот на Грција.
Во анкетата, поранешниот фудбалер на Вардар освои 47% од гласовите, далеку пред бразилската легенда Ривалдо кој се најде на второто место.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА