Грег Попович до неверојатно достигнување, соборувајќи голем НБА рекорд: Изненаден во соблекувалната и од играчите (ВИДЕО)

Со победата на Сан Антонио над Јута од 104-102, Грег Попович засекогаш се запиша во историјата на НБА лигата.

За легендарниот тренер синоќа тоа беше 1336. победа откако работи во НБА лигата со која го престигна својот пријател и ментор Дон Нелсон.

„Никој од нас не ја работи оваа работа за рекорди. Го правиме тоа за победи, како оваа вечерва. Сите го делиме овој рекорд кој не е мој, туку наш“ – вели Попович.

Легендарниот Попович сам има повеќе победи во НБА дури и од некои тимови како Орландо кој е со 1230 победи, Минесота со 10141, Торонто со 1018…. Попович сите победи ги запиша на клупата на Сан Антонио каде е тренер од 1996 година. Во овој период стигна и до пет титули во НБА лигата. Со селекцијата на САД минатата година го освои и златото на Олимписките игри во Токио.

Се вчитува...