Кошаркарите на Франција приредија вистинска сензација на стартот на турнирот на ЛОИ, победувајќи го американскиот „дрим-тим“ со 83-76.
За Американците ова е прв пораз на Олимписки игри по цели 17 години.
Селекторот на САД, Грег Попович по мечот очекувано беше разочаран, но не и изненаден.
„Кога ќе загубите натпревар не сте изненадени. Разочарани сте. Не го разбирам зборот ‘изненаден’. Тоа не би било чесно кон Франција, затоа што ако кажеме изненадени како да требало да ги победиме 30 поени разлика. Франција е навистина одличен тим и не знам зошто воопшто би се чуделе на овој пораз. Има многу одлични тимови во светот составени од НБА играчи. Јазот меѓу Америка и остатокот од светот во кошарката се намалува секоја година“ – истакна Попович по денешниот пораз.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА