Грешката со Ливерпул му пресуди на Кепа – Лампард го носи Менди на „Стемфорд Бриџ“

Најскапиот голман во историјата на фудбалот Кепа Аризабалага направи нова глупост која дефинитивно ја „прели чашата“ во Челси. Тој на вчерашното дерби со Ливерпул кое „сините“ го загубија со 0-2 му поклони гол на Садио Мане.

Френк Лампард е разочаран од игрите на Кепа и поради тоа е решен на „Стемфорд Бриџ“ да го доведе чуварот на мрежата на Рен, Едуард Менди. Менди е број 1 во Рен тим во кој пристигна минатата сезона од редовите на Ремс. За Рен запиша 29 настапи, а со одличните партии поднесе кандидатура за најдобар голман во француската Лига 1.

Иако Челси беше најактивниот клуб во летниот трансфер период и се засили во нападот со неверојатна „плејада“ на млади фудбалери, доколку не го реши проблемот на голманската позиција, очигледно е дека и сезонава нема да биде во игра за освојување на титулата во Премиер-лигата.

Се вчитува...