Грецки: Честитки за Словенците, горд сум на мојот тим

ЕКИПА на ЕП во Хрватска,

Билјана Б.Петрушева, Стеван Цаневски, Игор Паневски

Актуелниот европски шампион Германија освои спорен бод по „судиското продлжение“ во дуелот со Словенија (25-25). На крај Германците мораа да бидат задоволни и со тој бод во практично загубен меч. На прес-конференцијата која предизвика огромен интерес кај сите медиуми присутни во Загреб, Германците и го честитаа ремито на Словенија и да „објаснат“ како се извлекоа од поразот.

„И честитам на Словенија за добриот натпревар и борбената игра. Одиграа одлично во првото полувреме, посебно во одбраната. Ние имавме многу грешки, промашивме многу шанси. Во вториот дел беше подобро , на крај освоивме бод и јас сум горд на мојот тим“ – изјави крилото на германската репрезентација Патрик Грецки.

 

Се вчитува...