Григорјан: Не размислуваме на ништо друго освен победа против Македонија

Ерменија и Македонија денеска на Кипар во одлучувачки натпревар околу првото место во групата од Ц-лигата и прогрес во Б-лигата следната сезона во Лигата на нации.

Артак Григорјан е повеќе од расположен по победата над Грузијците, истакнувајќи дека позитивната атмосфера во тимот треба да ги понесе кон победа и против Македонија.

„Секако, расположението по победата против Грузија е големо. Тоа беше значајна победа за ерменскиот народ но и за подобрување на нашите позиции во групата. Во Кипар дојдовме навистина во позитивна атмосфера единствено со желба и за победа против Македонија. Не не залажува тоа што противникот е дојден без многу стандардни репрезентативци, но мора да дадеме максимум ако сакаме победа. Против Грузија игравме со двајца офанзивци, сега на селекторот ќе биде одлуката како ќе играме денеска“ – вели Григорјан.

Натпреварот меѓу Ерменија и Македонија на „ГСП арената“ во Никозија, Кипар, стартува од 18 часот.

Се вчитува...