Грилиш: Вредам 100 милиони, нормално е дека луѓето ќе зборат…

Џек Грилиш, сто милионското засилување на Манчестер Сити е мета на критичарите во англискиот фудбал. Сумата која ја издвоија „граѓаните“ за неговите услугите често знае да биде тема за дебата на „Островот“, а сега за истата говореше и самиот фудбалер.

Реперзентативецот на Англија мисли дека добро се справува со притисокот, дека постои разлика во однос на слободата во Астон Вила и структура под која игра Манчестер Сити, но и дека знае дека вреди богатство, што го зголемува притисокот врз него.

„Мислам дека добро се носам со притисокот, но чувствувам дека можам да играм и многу подобро. Веројатно не бев на врвот на својата задача од кога дојдов во Сити, но мислам дека покажав знаци на тоа ниво. Во Астон Вила имав слобода, додека во Сити постои структура. Ова е еден од најголемите клубови на светот кој секоја година освојува трофеи. Тоа е мојата цена, вредам па нормално е луѓето да говорат. Морам тоа да го прифатам“, изјави 27-годишникот.

Се вчитува...