Гринвуд го носи Марсеј на врвот во Лига 1 (ВИДЕО)

Фудбалерите на Олимпик Марсеј стигнаа до голема победа во домашниот шампионат откако во последниот меч од денешната програма од 8. коло во Лига 1 славеа над Ле Авр со 6-2.

Гостите поведоа со 0-1 со голот на Кеча во 24. минута. Сепак, следуваше вистински шок за Ле Авр откако во 34. минута останаа со фудбалер помалку поради црвениот картон на Љорис кој играјќи со рака направи пенал кој успешно беше реализиран од Мејсон Гринвуд за 1-1.

Истиот фудбалер донесе целосен пресврт 2-1 во 67. минута, додека само пет минути подоцна Гринвуд со својот хет-трик зголеми на 3-1. Тоа не беше се од неверојатниот Гринвуд кој со својот четврти погодок во 77. минута донесе водство и од 4-1. Ваз во 88. минута зголеми на 5-1. Гостите намалија на 5-2 преку Туре во 92. минута, додека конечните 6-2 беа дело на Муриљо во 94. минута.

Marseille [4]-1 Le Havre – Mason Greenwood fourth goal 76'
byu/MysteryBagIdeals insoccer

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...