Гринвуд по клубот ја менува и репрезентацијата

Младиот фудбалер Мејсон Гринвуд, кој беше обвинет за силување, пред неколку дена го раскина договорот со Манчестер Јунајтед. И натаму не е познато во кој клуб ќе игра, со оглед дека за него има интерес од неколку екипи.

Гринвуд беше долго време суспендиран од Манчестер, а случајот траеше една година. И кога сите очекуваа да се врати на обврските, Јунајтед одлучи да му го раскине договорот.

Сега покрај клубот, Гринвуд може да ја смени и репрезентацијата. Тој има настапи за помладите селекции на Англија, но и од таму веќе е се чини „отпишан“, со оглед дека долго време нема играно, па затоа размислува да ја смени и репрезентацијата.

Се тврдеше дека во март одбил повик да игра за Јамајка, меѓутоа сега може да го смени мислењето и да заигра за таа репрезентација. Според правилата на ФИФА, на играчите им е дозволено да ја сменат припадноста, ако не одиграле повеќе од три официјални натпревари пред 21 година, а последен од тие натпревари бил пред три години.

Се вчитува...