Гринвуд спаси бод за Јунајтед, Фертонген донесе триумф на Тотенхем

Манчестер Јунајтед не успеа да ја продолжи победничката серија по позитивните резултати со Тотенхем и Манчестер Сити, па тимот на Оле Гунар Солскјер денеска ремизираше на домашен терен против Евертон (1-1). „Карамелите“ во минатото коло го совладаа Челси, а денеска повторно одиграа одличен меч, доаѓајќи во водство благодарение на автоголот на Линделоф.

Очекувано, „црвените ѓаволи“ тргнаа во офанзива во второто полувреме и стигнаа до бод благодарение на погодокот на младиот Гроинвуд.

Тотенхем по голема битка стигна до цел плен на гостувањето против Вулверхемптон, триумфирајќи со 1-2. Гостите од Лондон први поведоа преку Лукаш Моура, а на 1-1 во второто полувреме израмни Траоре. Кога се очекуваше поделба на бодовите, Тотенхем стигна до победата со голот што во судиското продолжение го постигна Фертонген.

Се вчитува...