Гризман: Го прашав судијата што има да гледа ВАР, се беше очигледно

Во хрватската јавност нагласено е мислењето дека аргентинскиот судија Питана бил тој кој ги ‘поттурнал’ Французите до победата во финалето на СП 2018.

Но, францускиот напаѓач Антоан Гризман, пак, смета дека толку озборуваниот пенал бил крајно очигледен, што и самите хрватски репрезентативци признале.

„Го прашав судијата што има да гледа ВАР, затоа што се беше очигледно. После тоа дојде и рече дека во прашање е рака. Мора да признаеме дека Хрватска одигра одличен натпревар. Беше тешко на почетокот, а ние разликата ја направивме преку контри. Ова е голем успех за нас“ – истакна Гризман, кој не можеше да ги сокрие и солзите по мечот:

„Да, плачев затоа што и мајка ми и татко ми беа на стадионот. Ме понесоа емоциите“.

Се вчитува...