Гризман го промени мислењето за Нејмар

Французинот Антоан Гризман минатото лето за 120 милиони евра од Атлетико Мадрид се пресели во Барселона, но се уште не се вклопи на најдобар начин во каталонскиот состав.

Многумина, и тогаш но и сега, тврдат дека тие пари подобро ќе беше да се искористат за враќање на Нејмар во клубот. Барселона, по неуспешниот обид минатото лето, и на крајот од оваа сезона ќе тргне по Нејмар кој јасно кажува дека сака да се врати на Камп Ноу.

Шпанските медиуми пренесуваат дека Гризман не бил баш најсреќен што Барселона минатото лето сакала да го врати Нејмар затоа што со тоа би било загрозено неговото место во почетниот состав.

Но, како што пишува сега „Мундо депортиво“, Гризман сега порачал дека нема ништо против враќањето на Бразилецот со кого верува дека ќе има добар однос. Гризман, исто така, нема намера да ја напушти Барселона порачувајќи дека е подготвен да се бори за место во тимот.

Се вчитува...