Тибо Куртоа си ја бараше белјата со изјавата дека Франција не заслужила да игра финале бидејќи одиграла анти-фудбал во полуфиналната пресметка со Белгија. Неочекувано, одговорот дојде од Антоан Гризман, кој го „закопа“ Куртоа потсетувајќи го каков фудбал играат неговите клубови.
„Навистина не можам да разберам. Тој беше во Атлетико и освои титулата играјќи таков фудбал. Сега говори дека ние не сме играле фудбал убав за око, а тој игра за Челси. Да не мисли можеби дека е голман на Барселона, па дава вакви изјави… Не е ниту важно, не му обрнуваме внимание ниту на него ниту на било кој друг, максимално сме фокусирани на мечот за титулата, желни да ставиме и втора шампионска ѕвезда на нашиот дрес“ – истакна Гризман.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА