Гризман ја провлече Барселона во Купот на Шпанија

Барселона имаше многу проблеми да го совлада третолигашот Ибица во Купот на Шпанија. Антоан Гризман со два гола во второто полувреме се погрижи за комплетен пресврт и триумф од 1-2, откако Ибица имаше предност на полувремето со голот на Пеп Кабале во деветтата минута.

Гризман успеа да израмни во 72.минута, а победничкиот гол го постигна во петтата минута од судиското продолжение. Барселона обезбеди пласман во осминафиналето на Купот на Шпанија.

Се вчитува...