Гризман: Ми се допаѓа Валверде, не вреска како Симеоне

Антоан Гризман второ лето по ред беше во фокусот на фудбалската јавност, но годинава за разлика од лани исходот беше поинаков – Французинот дефинитивно си замина од Атлетико Мадрид и кариерата ја продолжи во Барселона. Тој веќе имаше можност да се запознае со новите соиграчи, но и со методите на работа на тренерот Ернесто Валверде, кој според Гризман е сосема различен од Диего Симеоне.

„Разликата меѓу Валверде и Симеоне? Пред се Валверде е многу посмирен, не вреска како Диего. Тој точно знае што сака од тебе, но и како да ти го каже тоа на мирен начин. Со тоа го извлекува најдоброто од секој фудбалер“ – истакна Гризман.

Францускиот напаѓач не крие дека жали што разделбата од Атлетико не мина пријателски, но смета дека го направи вистинскиот потег за кариерата.

„Многу луѓе мислат дека е лесно да се разделиш од луѓе со кои си бил со години, но тоа е исклучително тешка одлука. Искрено ми е жал што се разделивме, се обидов да направам се што клубот побара од мене, но на крајот она што ми беше кажано не беше исполнето. Верувам дека во Барса ќе станам уште подобар фудбалер, ќе имам можност да освојам уште многу трофеи“ – порача Гризман, кој е актуелен светски првак со репрезентацијата на Франција.

Се вчитува...