Гризман погоди по 800 минути за Атлетико, и тоа со еврогол

Aнтоан Гризман го прекина својот пост што траеше неверојатни 800 минути игра за Атлетико Мадрид предводејќи го својот тим до победа над Рома, со што „јорганџиите“ останаа во игра за пласман во осминафиналето од ЛШ.

Првиот погодок за Атлетико во триумфот од 2-0 беше ремек дело на Французинот, кој со „ножички“ ја затресе противничката мрежа, пред да му асистира на Гамеиро за вториот гол за Атлетико.

„Бевме во криза, но сега треба да тргне на подобро. Сите треба да ја кренеме играта на повисоко ниво, почнувајќи прво од мене, свесен сум за тоа. И претходно имав шанси, топката не сакаше да влезе во гол, сега беше поинаку, секако дека се чувствувам среќно“ – изјави Гризман по натпреварот.

Се вчитува...