Гризман: Требаше јас да ја освојам Златната топка

Во 2018 година, Златната топка му припадна на Лука Модриќ, кој ја победи конкуренцијата со 753 гласа. Хрватскиот капитен таа година ја освои Лигата на шампионите, а со Хрватска играше во финалето на Мундијалот во Русија. На второто место беше Кристијано Роналдо кој доби далеку помалку – 476 гласови.

Третото место му припадна на Антоан Гризман. Французинот имаше 414 гласови, а многумина сметаа дека тоа е неправедно кон него, и дека токму тој требаше да го освои ова признание.

Гризман во еден поткаст призна дека тој очекувал да ја освои оваа награда. Во разговорот открива дека сакал да биде голман, но неговиот татко го терал да игра во средниот ред или напаѓач, за тој да би можел да му ги брани ударит.

Гризман за Франција одигра 126 натпревари и постигна 44 голови. Во кариерата играше за Реал Сосиедад, Атлетико, Барселона, а потоа повторно се врати во Атлетико.

Се вчитува...