Гризман веќе не е „лузер на финалиња“

Антоан Гризман долго важеше за „лузер“ кога станува збор за финалните натпревари, по загубениот дуел на ЕВРО 2016, но и битката за трофејот во ЛШ против Реал Мадрид во која францускиот ас не реализираше пенал. Сега сето тоа е зад него, Гризман беше МВП на финалето од Лигата на Европа, за да блесне и на денешното финале против Хрватска, на кое исто така беше избран за најкорисен играч.

Воедно, асот на Атлетико Мадрид испиша историја и како само трет фудбалер што во една иста година успеал да постигне гол за триумф во финалето од европските купови, а потоа и во финалето од еден Мундијал. Претходно тоа им имаше успеано само на Герд Милер (Германија и Баерн Минхен во 1974) и на Хорхе Валдано (Аргентина и Реал Мадрид во 1986 година).

Се вчитува...