Грк му го „украде“ златото на Кубанецот Ечеверија во скок во далечина

Грчкиот атлетичар Милтијадис Тентоглу го освои златниот медал во скок во далечина на Олимписките игри во Токио.

Тентогли победи со скок во последната шеста серија од 8 метри и 41 сантиметар. Имаше претходно и скокови од 8,11 метри, 8,10 метри и 8,15 метри, и два престапи.

Водечки до последната серија беше Кубанецот Хуан Мигел Ечеверија кој имаше ист резултат од 8,41 метри, но имаше послаби други скокови. Тој и се повреди во текот на натпреварувањето, ја пропушти петтата серија а во шестата не успеа да скокне.

Бронзениот медач го освои исто така Кубанец, Мајкел Масо со скок од 8,21 метри.

Се вчитува...