ГРК Охрид со македонско три голмани во новата сезона

Македонскиот ракометен суперлигаш, ГРК Охрид го официјализираше потписот со голманот Бојан Блажески.

28 годишниот голман стави потпис со „Гладијаторите“ за следните две сезони. Блажески доаѓа по осум години поминати во тимот на Бутел Скопје со кој три сезони играше во Европските купови, а беше и дел од кадетската и младинската репрезентација на Македонија.

Покрај Блажески на голот на Охрид следната сезона ќе бидат и Градимир Чаневски и Даниел Ѓорѓески.

Се вчитува...