Гркот Цолис е замената за Тросар во Арсенал

Христос Цолис и официјално е ново засилување на Арсенал. Лондонскиот клуб објави дека грчкиот репрезентативец потпишал петгодишен договор. Станува збор за 24-годишен фудбалер кој игра на левото крило, а според медиумите, Клуб Бриж ќе добие 40 милиони евра како обештетување.

Тој доаѓа на „Емирати“ како замена за Леандро Тросар, кој беше продаден на Бешикташ за 18 милиони евра.

Минатата сезона, Цолис одигра 52 натпревари во сите натпреварувања, при што се истакна со неверојатна статистика, откако постигна 22 гола и запиша 29 асистенции. Во дресот на грчката репрезентација, тој има постигнато девет гола на 34 натпревари.

 

Се вчитува...