Грнчаров го менува Секуловски како прв човек на МЗТ Скопје

Тони Грнчаров од денеска и официјално е именуван за нов извршен директор на МЗТ Скопје, наследувајќи го на оваа функција Видоја Секуловски.

Грнчаров, кој беше капитен на тимот на МЗТ кој се закити со првата шампионска титула во клупската историја, сега повторно ќе стане дел од аеродромскиот кошаркарски колектив, но како носител на најодговорната функција. Тој ќе раководи со бордот на директори на клубот, а воедно се очекува да биде присутен и на клупата на тимот за време на натпреварите од АБА-лигата.

Грнчаров е второто „засилување“ од првата шампионска генерација на МЗТ Скопје, откако претходно Огнен Стојановски беше избран за нов предводник на младинската школа на „металците“.

Се вчитува...