„Гробари“ со транспарент против Кукоч и Раѓа: Никогаш нема да се правиме фини пред „усташи“ кои…

Тони Кукоч и Дино Раѓа беа специјални гости на претходниот домашен меч на Олимпијакос, па затоа големо изненадување е што на вечерашниот меч на Партизан против Валенсија на трибините во „Арена“ се појави транспарент упатен токму против овие двајца хрватски кошаркари.

„Клубот припаѓа на оние кои од него живеат, а не на кретени кои се воодушевуваат на атмосферата. А ние никогаш нема да се правиме „фини“, на усташите кои бегаат од подиумот во Атина“, јасно ставајќи до знаење дека го немаат простено овој „грев“ на двете хрватски кошаркарски легенди.

Она што е интересно, веднаш по појавувањето на транспарентот голем дел од остатокот од салата почна да ги исвиркува овие навивачи на Партизан, јасно ставајќи до знаење дека не го делат нивниот став на оваа тема.

Се вчитува...