Грција е прв финалист на СП во ватерполо, Србите декласирани во полуфиналето

Грција е првиот финалист на СП во ватерполо што се одржува во Јапонија откако во полуфиналната пресметка нашиот јужен сосед ја совлада Србија со убедливи 13-7. Ова е прво мунијалско полуфинале за грчката репрезентација во историјата на ватерполото во оваа земја, кое воедно значи и обезбедена виза за претстојните Олимписки Игри во Париз.

Србија поведе со 0-1 со гол од контранапад, потоа од пенал израмни на 2-2 пред крајот на првата четвртина, но потоа следеше долг период без погодок за српските ватерполисти. Грците ја добија втората четвртина со 3-0 и успеаја да се одлепат на 6-2, потоа со цврста одбрана не примија гол ниту во првите четири минути од третиот период, трасирајќи си го патот до убедливата победа, на крајот изразена со конечни 13-7.

Во второто полуфинале силите ќе ги одмерат селекциите на Шпанија и Унгарија.

Се вчитува...