Грција и Чешка последни патници во втората фаза од квалификациите за ЛОИ

Кошаркарската репрезентација на Грција успеа да избори место во втората фаза од квалификациите за Летните олимписки игри во Токио откако во вториот натпревар од групната фаза славеше над Кина со 105-80. Ларентзакис беше првото име кај „сино-белите“ со 21 поен и 4 асистенции, додека Ху беше првото име во редовите на Азијците со 16 поени и 5 асистенции.

Последното место во полуфиналето и припадна на Чешка која го доби драматичниот натпревар против Уругвај со 80-79. Томас Саторански одигра „ол-ароунд“ натпревар за Чесите со 19 поени, 8 асистенции и 7 скока, додека први имиња кај Уругвајците со по 22 поени беа Грејнџер и Фитипалдо.

Во полуфиналето од квалификациите нашиот јужен сосед силите ќе си ги одмери против Турција, додека Чешка ќе се сретне со репрезентацијата на Канада.

Се вчитува...