Грујиќ оди на позајмица во Бундес-лигата

Јирген Клоп даде зелено светло, Марко Грујиќ својата кариера ќе ја продолжи во Бундес-лигата во дресот на Херта. Претходно беше договорена позајмица во Кардиф, но Србинот одби да се врати во клубот каде го мина вториот дел од ланската сезона. Потоа интерес покажа и Торино, но италијанскиот клуб не се договори со Ливерпул околу висината на отштетата.

По затворањето на преодниот рок во Италија како најреална дестинација остана Бундес-лигата, во игра беа Херта и Ајнтрахт, за денеска да биде одлучено клубот од Берлин да биде следна дестинација на српскиот интернационалец.

Се најавува дека Грујиќ ќе потпише нов договор со Ливерпул со важност до 2023 година, по што ќе замине на едногодишна позајмица во Берлин.

„Црвените“ исто така се во завршна фаза од преговорите со Ендрју Робертсон за левиот бек да потпише нов долгогодишен договор, по одличните настапи по ланскиот трансфер од Хал.

Се вчитува...