Гудиаби: Пелистер оди по три бода на тешкото гостување во Велес

Во последниот натпревар од 24. коло во Првата македонска фудбалска лига, денеска во Велес од 15 часот Борец го пречекува Пелистер.

Јасно е дека двата тима ги чека неизвесна битка од која бодовите се повеќе од неопходни…

„Стручниот штаб на Пелистер ми даде доверба. Дојдов тука да му помогнам на тимот, бидејќи имаа потреба од бодови. Му благодарам на тренерот што верува во мене. Ни следи тешко гостување против Борец, но очекувам максимален број на бодови. Одлично сме подготвени и верувам дека ќе подготвиме добра тактика за позитивен резултат“ – вели Омар Гудиаби.

ПМФЛ – 24. КОЛО (денеска, 15 ч.)

Велес: БОРЕЦ – ПЕЛИСТЕР

ВЧЕРА

Струмица: АК. ПАНДЕВ – СТРУГА ТЛ (1-0)

Скопје: ВАРДАР – ШКЕНДИЈА (1-6)

Мирчевски 10′ – Рамадани 27′, Ибраими 34′(п), 49′, Дориев 55′, Хабај 69′, Елези 90′

Кратово: СИЛЕКС – ШКУПИ (1-3)

Каракамишев 15′ – Руатубаје 35′, Диак Ламине 70′, Реџиналдо 88′

Струмица: БЕЛАСИЦА – РАБОТНИЧКИ (1-1)

Гуџуфи 18′ – Петковски 89′

Тетово: РЕНОВА – МАКЕДОНИЈА ЃП (1-2)

Шефити 16′ – Алексовски 36′, Чарлестон 90’+3

Се вчитува...