Гудуриќ со голема пофалба за Јасикевичиус: Може да биде како Обрадовиќ

Српскиот кошаркарски репрезентативец Марио Гудуриќ говорејќи за турските медиуми имаше пофални зборови за неговиот сегашен тренер во Фенербахче, Литванецот Шарунас Јасикевичиус кој го спореди со Жељко Обрадовиќ.

Фенербахче предводен од српскиот стратег во 2017 година за прв и единствен пат ја освои титулата во Евролигата, а Гудуриќ смета дека овој успех може да се повтори со Јасикевичиус.

„Сто отсто сум сигурен дека Јасикевичиус може да тргне по стапките на Обрадовиќ. Тој уште сега е еден од најдобрите тренери во историјата на Фенербахче. Верувам дека кога ќе ја заврши кариерата ќе се говори неговото име во дебата за кој е најдобар европски тренер на сите времиња“, изјави Гудуриќ.

Се вчитува...