Ѓукиќ: Честитки за Еурофарм, беа подобри од нас во секој аспект на ракометната игра

Поранешниот македонски селектор Драган Ѓукиќ беше крајно разочаран на крајот од дуелот меѓу Еурофарм Пелистер и Татабања, на кој неговиот тим претрпе убедлив пораз во Битола.

Српскиот стручњак му ја честиташе заслужената победа на битолскиот состав, свесен дека по денешното фијаско ќе има полни раце работа за да го врати победничкиот дух во својот тим.

„Честитки за победникот, Еурофарм Пелистер беше подобар од секој аспект на играта. Начинот на кој играа одбрана и напад беше премногу за нас на денешниот меч. Ја преземам одговорноста и во наредните неколку дена ќе анализирам што се случи. До крајот остануваат многу бодови, ова е тежок пораз, но не се откажуваме“, изјави Ѓукиќ на прес-конференцијата по натпреварот.

Се вчитува...