Гундоган ќе биде нов капитен на Германија

Селекторот на германската фудбалска репрезентација Ханси Флик го назначи Илкај Гундоган за нов капитен на А тимот.

Гундоган ја доби лентата девет месеци пред Европското првенство на кое Германците ќе бидат домаќини.

„Воодушевен сум од довербата. Голема чест е да го водам овој се уште млад тим“, рече Гундоган.

Гундоган в сабота првпат ќе ја носи капитенската лента на пријателскиот натпревар против Јапонија во Волфсбург кој е со почеток во 20.45 часот.

Се вчитува...