Гундоган се уште не знае кај ќе игра следната сезона

Капитенот на Манчестер Сити и германски репрезентативец Илкај Гундоган изјави дека се уште не одлучил каде ќе ја продолжи својата играчка кариера, пренесуваат британските медиуми.

Гундоган оваа сезона со Манчестер сити ги освои Лигата на шампионите, Премиер лигата и ФА Купот. Тој има договор до 30. јуни годинава, а Манчестер Сити му понудил на германскиот репрезентативец да ја продолжи соработката на уште една сезона.

„Се уште не сум донел одлука за иднината, а се уште размислувам каде ќе ја продолжам кариерата. Имаше контакти со Борусија Дортмунд, но не сериозни. Враќањето во Бундеслигата не е во моите планови“, изјави Гундоган.

Британските медиуми наведуваат дека Гундоган не планира да се врати во Германија, бидејќи очекува понуди од Арсенал или Барселона.

Гундоган во Манчестер сити пристигна во 2016 година од Дортмунд, а оваа сезона за англискиот клуб одигра 51 натпревар и постигна 11 голови. За германската репрезентација настапи на 66 натпревари и 17 пати се запиша во листата на стрелци.

Се вчитува...