Ѓуретановиќ не настапи, Славковски последен на 200 слободно, Јанковиќ на истата делница кај дамите претпоследна

И вториот ден на пливачкиот турнир на Медитеранските игри во Таранто ни донесе слаб настап на нашите пливачи.

Најголемата македонска надеж Никола Ѓуретановиќ не се најде на стартот на трката на 200 метри слободно, додека Огнен Славковски заврши последен во квалификациите со време од 1:56.28 минута.

На истата делница кај дамите Сара Јанковиќ заврши претпоследна со време од 2:09.88 минути.

Се вчитува...