Ѓурѓевиќ: Тука сум за да му помогнам на Работнички

Фахрудин Ѓурѓевиќ беше херој на Работнички на последниот дуел против Борец, на кој овој фудбалер влезе во игра во второто полувреме и потигна два гола за осум минути, за пресврт и триумф на „романтичарите“.

Ѓурѓевиќ трпеливо ја чекаше својата шанса во вториот дел од сезоната, а на неделниот дуел потврди дека е подготвен да се подреди на колективот.

„Влегов во игра на 0-0, секако интенцијата беше наша победа, а во меѓувреме и примивме гол. За среќа, успеавме веднаш да возвратиме, а пред самиот крај со вториот гол да оствариме и триумф. Среќен сум што стигнавме до победа, секогаш сум подготвен да му помогнам на тимот. Сега треба да продолжиме во ист стил и на наредните натпревари. Не очекува уште еден тежок натпревар против Пелистер претстојниот викенд“, истакна Ѓурѓевиќ.

Работнички моментно се наоѓа на шестото место на прволигашката табела со 36 бода, а „романтичарите“ во следното коло ќе го пречекаат Пелистер.

Се вчитува...