Гути со интересно барање: Тоа не е моето име, не ме викајте така

Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Хозе Марија Гутјерес – Гути имаше необично барање за време на презентацијата во Алмерија.

Новиот тренер на клубот ги замоли новинарите да не го нарекуваат Гути, туку да му се обраќаат со неговото целосно име Хозе Марија Гутјерес.

„Ќе ве замолам само една работа. Обраќајте ми се со Хозе Марија Гутјерес, а не со Гути. Зошто? Затоа што каде и да отидам слушам само Гути. Моето име е Хозе Марија Гутјерес, не Гути. Дали е јасно“, изјави Гути. 

 

Се вчитува...