Гвардиол е прва трансферна цел на Гвардиола

Хрватскиот репрезентативец Јошко Гвардиол е првата трансфер мета на Манчестер сити за јунскиот преоден рок, пренесува „Дејли мејл“.

Пеп Гвардиола е силно заинтересиран за негово доведување во Сити, посебно ако стоперот Лапорте се одлучи да го напушти клубот. Британците пишуваат дека Гвардиола нема да го запре 28-годшниот Лапорте ако Шпанецот одлучи да оди во Барселона, а место него тргнува во ангажман на Гвардиол.

„Гвардиол може да игра како стопер но и како лев бек, па ќе реши неколку проблеми на Гвардиола“ – пишува „Дејли мејл“.

Проблем е висината на отштетата. Лајпциг не се согласува на помалку од 100 милиони евра, но се спомнува дека германскиот клуб е во проблеми со финансискиот фер-плеј, па ова лето ќе мора да продаде неколку играчи како не би бил казнет.

За Гвардиол е и натаму заинтересиран и Челси, кој се обиде да го донесе во минатиот преоден рок.

Се вчитува...